Актерот Сашо Тасевски, повторно удри по власта откако вчера го осуди скандирањето за време на прославата на Мечкин Камен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 август, 2019 16:33

Тасевски удри по власта: Од толку зло ќе овенат и спомениците во Крушево

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Актерот Сашо Тасевски, повторно удри по власта откако вчера го осуди скандирањето за време на прославата на Мечкин Камен.

Да скандираш: Северна, Северна! На Мечкин Камен! На ден Илинден! Кога се во силен јуриш бугарските врховисти против се што е македонско! Тоа не те прави обична стока. Туку малоумна. Браво, напиша вчера на својот Фејсбук профил актерот Сашо Тасевски.

Тој денеска дојде на идеа другата година во Крушево да се закажува присутноста преку Мој термин, во еден од термините да бидат северњаци, како што тој ги нарекува, во друг термин пак да бидат Никогаш Северни.

Здравје, следната година, прославата во Крушево со МОЈ ТЕРМИН. Без мешање. Од 9 до 11 северњаци, од 11 до 13 часот Никогаш Северни, од 13 до 15 часот, термин за разни странски патриотически здруженија и нивна колективна историска мастурбација врз местото.
Од 15 до 17 часот, скараџии и излетници кои дошле баш за празникот, да ги посетат славните локации и после да пивнат, да мавнат јагне, да свртат орце и да си одат дома.
А уште попаметно ќе биде, ако следната година се забрани пристап во Крушево на сите политички партии, делегации, дипломати и псевдограѓански здруженија и конечно прославата да му припадне на добронамерниот народ кој вистина сака да им укаже чест на Илинденците.
Да си бидеме чесни пред самите себе. Да го направиме тоа. Оти вака, од толку зло на тоа место, ќе овенат и спомениците, не само дрвата и живиот свет

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.