Обвинителката коај го води случајот, Лидија Раичевиќ го праша што се случило кога се дознало дека Пино е најден закопан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 февруари, 2020 15:21

Таткото на Ангела обвинета за убиството на Пино: „Не знаевме дека Али Фуркан ѝ е дечко, го запознавме како нејзин пријател“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Таткото на обвинетата за убиството на Пино, Ангела Ѓорѓиевска денеска сведочеше како сведок на одбраната. Златко, рече дека неговата ќерка Ангела никогаш не била проблематично дете, односно дека секогаш се било во ред со неа.

 

Ангела Ѓорѓиевска според првичните информации од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино.
Златко, таткото на Ангела денеска ги демантираше информациите дека таа е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка. 

Обвинителката коај го води случајот, Лидија Раичевиќ го праша што се случило кога се дознало дека Пино е најден закопан.

„Јас и реков ‘зашто не кажа?’, но ние имавме многу малку време за да разговараме затоа што ја приведоа”, сведочеше Ѓорѓиевски, пренесува „Макфакс“.
„Ангела е дете како сите други деца, сè досега било во нормала. Знаела и позитивно и негативно да изненади. Во суштина е добро дете”.

Златко Ѓорѓиевски рече дека прв пат го запознал Али Фуркан како нејзин пријател, не знаел дека таа се гледа со него.

„Дома кај нас беа дојдени другари и другарки на Ангела, се дружеа во нејзината соба и си заминаа со две коли. По некое време се врати Ангела со Фуркан и кажаа дека колата со која тие се возеле била во дефект. Јас му помогнав и тоа беше првиот пат кога го запознав”, сведочеше Ѓорѓиевски кој додаде дека неколку пати потоа наидувал на колата на Фуркан.

„Чувствувам потреба да кажам дека на социјалните мрежи јас, мојата сопруга и пошироката фамилија сме оцрнети со недолични зборови и навреди. Прво имаше информација дека јас сум шофер што не знаел ништо, дека сме разведени, а не сме, се со цел да се прикаже дека Ангела е дете од нефамилија”.Мене многу ми е жал за изгубениот живот. Секогаш кога ќе отидам во црква палам свеќа, но со ваквото однесување на госпоѓата Маја не заслужува да и изразам сочувство. Дури имаше заговор од луѓе за да ја истепаат мојата сопруга на работа”, рече Ѓорѓиевски.

„Ниту јас, ниту сопругата не знаевме дека Фуркан ѝ е дечко”, рече таткото на Ангела, одговарајќи на адвокатско прашање.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.