Бојан Јовановски пак беше осуден на деветгодишна затворска казна за случајот “Рекет”, а му се суди и за случајот “Меѓународен сојуз”.

Објавил: Перо Милчин | 31 октомври, 2020 10:32

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски влезе во ШУТКА на издржување на затворската казна!

Фото/Текст извор: ©фокус

По 15 месеци поминати во притвор, вчера од истражниот затвор “Скопје” излезе Бојан Јовановски и замина во домашен притвор.

Апелација ја прифати жалбата на неговиот адвокат Сашко Дукоски, кој бараше укинување на притворот поради влошената здравствена состојба на Јовановски.

Од истиот затвор од кој што Боки 13 излезе, на 16 октомври влегол неговиот татко Миле Јовановски, дознава “Фокус”, и тоа за издржување на затворската казна која ја доби за напад на неговиот сосед, свештеникот Виктор Стојчев.

Јовановски беше осуден на 6-месечна казна, а според информации на “Фокус”, Апелациониот суд му ја намали казната на 4 месеци.

Според обвинението, Јовановски на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

Бојан Јовановски пак беше осуден на деветгодишна затворска казна за случајот “Рекет”, а му се суди и за случајот “Меѓународен сојуз”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.