Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска останува обвинителка во случајот

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јули, 2020 11:56

Таткото на Боки 13: Не разбирам ништо, ме правите криминалец на 60 години

Фото/Текст извор: ©Тв 21

Бојан Јовановски – Боки 13 ги даваше воведните збори за случајот „Меѓународен Сојуз“ кој денеска почна во Судот. Јовановски рече дека долго размислувал дали да дава одбрана во предметот, бидејќи смета дека веќе е донесена одлуката.

На прашањето за неговиот татко дали разбира за што е обвинет, Миле Јовановски, направи мало „шоу“ во судницата на судењето за „Меѓународен сојуз“.

„Не разбирам, ништо не е точно, ме правите криминалец на 60 години“, рече Јовановскипренесува тв 21.

Судијката му посочи дека не треба да кометира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.

Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести