Верувам дека г-н Панче Заев е човек во години и од почит кон него и кон семејството Заеви, овој пат нема да одговорам на овој коментар. Не можам да ги спречам другите да коментираат, но јас ќе се воздржам. Ќе чекам некој на г-н Панче Заев нешто да му објасни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 март, 2020 10:12

Таткото на Заев со недолични коментари до Героски: Во идната влада ќе ве предложиме за советник!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот и уредник на порталот Плусинфо кој преку своите колумни откри во јавноста за случајот Рекет, овој пат на својот Фејсбук профил напиша дека бил вербално нападнат од таткото на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, Панче. Героски открива дека тој на Фејсбук напишал недолични коментари кон него.

Новинарот Бранко Героски тврди дека ги избришал навредливите коментари кои биле упатени до него од таткото на поранешниот премиер Зоран Заев.

Господинот Pance Zaev втор пат коментира под мој пост во оваа Фејсбук група. Втор пат неговиот коментар е под нивото на пристојна комуникација меѓу двајца ФБ пријатели, а да не зборувам за нивото што би требало да го покаже таткото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Многу ми е нрпијатно. На неговиот прв коментар му одговорив колку што е можно повоздржано и покултурно. На вториов коментар, едноставно, ми е срам да одговарам.
Велам, многу ми е непријатно. Никогаш не сум бил во ситуација да полемизирам со татко, мајка или со некој друг член на семејството на наш политичар, кој на овој начин го брани своето семејство.
Верувам дека г-н Панче Заев е човек во години и од почит кон него и кон семејството Заеви, овој пат нема да одговорам на овој коментар. Не можам да ги спречам другите да коментираат, но јас ќе се воздржам. Ќе чекам некој на г-н Панче Заев нешто да му објасни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...