Откако министерот Филипче и директорот на Фондот Дончев изјавија дека нема понуда од болницата од Германија таткото на Ева со своја изјава

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 9:21

Таткото на Ева: “Министерот и директорот на фондот лажат”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По смртта на малата Ева од охридско Коњско се огласи и нејзиниот татко Благојче Крстаноски кој тврди дека болницата во Германија се огласила на барањето за прием на неговата сега покојна ќерка како пациент.

Имено малата Ева која боледуваше од тешка форма на леукемија почина додека институциите бараа начин каде да ја испрата на лекување иако родителите инсистирале тоа да биде Германија каде што болницата имала најдобри препораки и давала најголеми можни шанси за евентуално успешно пресадување на коскена срж.

Профактура од болницата во Германија каде јасно стои дека сумата за пресадување коскена срж и третман потоа изнесува 200.000 евра а збирно со хемотерапијата сумата може да достигне до 300.000 евра.

Ова е дијаметрално спротивно со изјавата на директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев кој на прес конференција на која ја образложи процедурата за лекување во странство за случајот со Ева Крстаноска изјави дека стапиле во контакт со германската болница но оттаму не добиле никаква понуда за лекување и со оглед на тоа од стручната служба на ФЗОМ не можеле да ја одберат таа болница.

Дончев изјави дека добиле три понуди за лекувањедве од Турција и една од Италија откако барателот односно семејството на Ева на 25-ти јуни доставило барање до Фондот.

“ФЗО е законски обврзан да донесе одлука во рок од 48 часа за болницата каде што ќе се лекува пациентот. Ние тоа и го направивме. На 28-ми јили ја донесовме одлуката Ева да се лекува во турската болница каде што со издвоените средства од 145 илјади евра требаше да се изврши трансплантација на коскена срцевина и хемотерапија.” – рече Дончев.

Семејството на Ева ја одбило оваа понуда од ФЗО по што приложило приговор до Фондот. Сега е јасно дека сепак болницата во Германија испратила и понуда и профактура според таткото на Ева иако Дончев и него го демантираше.

“Службите од ФЗО излегоа во пресрет на барателот и стапија во контакт со германската болница но оттаму повторувам не добивме никаква понуда.” – рече Дончев по што додаде дека шпекулациите за цената за лекувањето во Германија од 200 илјади евра не се точни.

Прашан дали чувствува одговорност Дончев рече дека прашањето е тенденциозно.

“Ова е трагедија и лично сочувствувам. Прашањето дали чувствувам одговорност е тенденциозно. Ева беше во многу тешка животно загрозувачка состојба.” – рече Дончев.

Но според Крстаноски ситуацијата е сосема друга.

Тој бил запознаен со понудите од Турција но како родители одбиле да го пратат своето дете таму затоа што добиле информации дека последните три случаи завршиле со смрт на пациентите.

Родителите самоиницијативно ја пронашле болницата во Германија по што во Фондот ја доставиле и нивната адреса и контактите.

Од ФЗОМ во присуство на таткото на Ева се јавуваат кај докторот во Германија кој меѓу другото како информација ја споделува и цената но ФЗОМ одбива да ја прифати понудата. 

ауди запис од разговорот со таткото на Ева од порталот независен.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести