Скандал ја тресе охридската чаршија, откако езерската капетанија му изрелка казна од 300 евра на таткото на Марко, поради 2 месечно истекување на лиценцата за нивното кајче

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 6:09

Таткото на Марко казнет со 300 евра додека го тренирал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Таткото на детето херој, Марко Печиноски, кое го преплива Охридското Езеро на 12 годишна возраст, Тони Пејчиноски, од страна на Капетанијата на пристаништа на Република Македонија во Охрид, поради банална причина, истекување на сообраќајна дозвола на пловен објект Кајче, бил казнет со мандатна казна од 300 евра.

Ваквиот скандалозен чин од страна на Езерската Полиција и Капетанијата на пристаништа, бил утврден на само една недела пред Марко да го преплива Охридското Езеро, поточно на секојдневниот тренинг кој го правел неговиот татако Тони Пејчиноски со неговиот син Марко, кај месноста викана Канео.

Овој чин на езерската полиција при Регионален Центар Запад на МВР и капетанијата на пристаништа е срамен чин, зошто добро знаеле со која цел се одвиваат тренинг пливањата во водите на езерото, а уште посрамен е од фактот што имале сознанија, дека поради здравствени причини младиот Марко, мора да плива.

За настанот потврди и капетан Горан Устијаноски, кој жали за ваквиот чин, но неговите надлежности завршувале тука, зошто прекршокот бил регистриран од Езерската Полиција, која по закон ги препраќала пријавите до Капетанија.

Јавноста ја повикува Капетанијата на пристаништата на Република Македонија во Охрид, веднаш да си изнајде начин и да ја запре прекршочната постапка против таткото на Марко, Тони Пејчиноски, но и да има во предвид во иднина повеќе да внимаваат на “големите”газди на глисери и скутери, а не на оние скромни лица кои управуваат со кајчиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести