Пејачката вели дека татко и во тој момент и рекол дека дека ќе се одрече од неа, на што таа одговорила:

Објавил: Hristijan Ilievski | 12 февруари, 2022 6:10

Таткото на Цеца не сакал да го види Аркан – и рекол ќе се откаже од неа ако се омажи со него!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Цеца Ражњатовиќ неодамна пред медиумите раскажа како нејзините родители реагирале, кога таа им соопштила дека ќе се мажи за Аркан.

Им реков ќе се мажам за Жељко, а тогаш мајка ми рече: За Шашиќ? Ако, тој е добро момче. Татко ми само ме погледна. Каков бре Шашиќ, реков. Се мажам за Аркан. Моите ќе се онесвестеа раскажува Цеца.

До сега не видена фотографија од Цеца и Аркан со мајката на пејачката

Пејачката вели дека татко и во тој момент и рекол дека дека ќе се одрече од неа, на што таа одговорила:

Ако сакате откажете се, истепајте се, јас се мажам за тој човек.

Во јавноста протече и фотографија која до сега не е видена, Цеца и Аркан кои позираат со мајката на пејачката .

Инаку Цеца и Аркан се венчаа во 1995 година. 

Свадбата на пејачката која во тоа време ја започнуваше својата кариера Цеца со Аркан предизвика во тоа време огромен медиумски интерес . Оваа свадба ја снимале дури и престижните CNN и BBC.

Младоженецот , однсоно Аркан бил приморан пред да биде склопен бракот со Цеца , да добие дозвола од црквата , бидејќи бил постар повеќе од 21 година од невестата , а тоа не му бил прв брак .

Според тогашните информации , свадбената прослава на Цеца и Аркан чинела 100 000 германски марки , а ја платил пријателот на Аркан , италијанецот Џовани ди Стефано.

Цеца и Аркан кој е покоен, имаат две деца Вељко и Анастасија Ражњатовиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.