Дали идеите за Голема Албанија се живи

Објавил: Узунов Бобан | 31 мај, 2019 12:35

Тачи: Ако не влеземе во ЕУ, ќе правиме Голема Албанија !

Фото/Текст извор: ©магазин

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека доколку Европската Унија ја „продолжи изолацијата на Косово“, Приштина ќе ја разгледа можноста за институционални дејствија или референдум за обединувањето на Косово со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ова можеме да го направиме или преку резолуции во собранијата на нашите две држави или преку референдуми во Косово и во Албанија, секогаш вклучувајќи ги и Прешево, Медвеѓа и Бујановац, изјави Тачи во синоќешното интервју за ТВ Дукаѓини.

Според него, идејата за „корекција на историските неправди“, односно за припојување кон Косово на Прешевската Долина, регионот со мнозинско Албанско население во јужна Србија, „никогаш не била по сензибилизирана отколку што е сега“.

Проектот Голема Албанија

Голема Албанија — политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет. Може да се каже дека делумно признатата независност на Косово е една од фазите на овој проект, кој Албанците главно го нарекуваат „Етничка Албанија“ (-{Shqipëria e Madhe}-). Заедно со постоечката Албанија, терминот ги опфаќа териториите на соседните држави, вклучувајќи го Косово, Прешевската долина, териториите во јужна Црна Гора наречени Малесија, северозападна Грција (грчките регионални области Теспротија и Превеза, наречени од Албанците како Чемерија), и дел од западна Македонија.

Обединувањето на поголема површина во една територија под албанска власт беше теоретски покрената од Призренската лига, организација во XIX век која имаше за цел да ги обедини Албанските населени подрачја (и други региони) во еден автономен албански вилает во склоп на Отоманската империја. Но сепак, концептот на голема Албанија во границите од 1913, беше единствено имплементиран дефакто и дејуре под италијанска и нацистичко германска окупација на Балканот во текот на Втората Светска Војна.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести