Пендаровски на седницата ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 мај, 2019 9:11

Тачи, Илир Мета, Радев се дел од гостите ќе присуствуваат во Македонија на инауграцијата од Пендаровски!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новиот претседател Стево Пендаровски денеска на седница на Државната изборна комисија треба да добие уверение дека е избран за претседател на државата.

Денеска како се очекува околу 12 часот ДИК на јавна седница да ги објави конечните резултати од претседателските избори, а со тоа Пендаровски ќе го добие уверението дека е избран за претседател на Република Македонија.

Стево Пендаровски утре на пладне ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Македонија, со што и официјално ќе почне неговиот мандат за претседател на државата.
 Пендаровски на седницата ќе даде свечена изјава пред членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека на свеченоста ќе присуствуваат како што е до сега најавено бугарскиот претседател Румен Радев, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи.

На церемонијата присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.

Покани за присуство на инауграцијата преку МНР се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија.
Седницата ќе започне околу 12 часот, а новоизбраниот претседател треба да даде свечена изјава, а потоа ќе следува свечен коктел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести