Косовскиот претседател го откри рецептот за успех

Објавил: Узунов Бобан | 26 март, 2019 18:44

Тачи: Ние на земјата, НАТО на небото, така го победивме Милошевиќ

Фото/Текст извор: ©магазин

Канцеларијата на Европската Унија на Косово на 20-годишнината од почетокот на воздушните напади врз цели во поранешна СР Југославија оцени дека на 24 март 1999 бил критичен датум за Косово и за Западниот Балкан кога бил отворен тежок период за целиот регион и ЕУ. 

Сега Западниот Балкан ја дели аспирацијата да се придружи на Европската Унија, со својата мисија на мир и помирување. Ја почитуваме и поддржуваме денешната желба регионот да игра конструктивна улога во стабилноста, безбедноста и просперитетот на нашиот континент“, се додава во соопштението.

Претседателот на Косово Хашим Тачи, пак, напиша дека „УЧК на земја и НАТО во воздух во заедничката борба го присилиле на капитулација режимот на Милошевиќ“. 

НАТО-во бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција „Сојузничка сила“, анг. Operation Allied Force) — воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

Интервенцијата на НАТО, според него, го сопрела етничкото чистење.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај при оддавањето почит на војниците на КФОР кои загинале на Косово кажа дека пред 20 години „завршила трагедијата на народите на Косово“ и биле „добиени слободата и мирот“.

Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи изјави дека нападите на НАТО го сопреле геноцидниот терор на Косово.

„Горди сме што сојузот со НАТО, кој го почна УЧК, денес го продолжува косовската војска“, напиша Весељи.

Весељи истакна дека народот на Косово секогаш ќе им биде благодарен на лидерите на демократскиот свет на чело со Соединетите Американски Држави.

„Беа со нас во најлошиот момент од нашата историја. Горди сме што сојузот со НАТО, кој го почна УЧК, денес го продолжува косовската војска. Секогаш во служба на слободата и мирот“, истакна Весељи.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.