Претседателот на Косово, Хашим Тачи на "запознавање" со природата и општеството на Газиводе, армијата на Србија во полна воена подготвеност за напад и одбрана

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 6:51

Тачи пиел кафе со Срби на северно Косово

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека имал чест да се прошета по северот на Косово и со чамец да се повози по езерото Газивода, на границата меѓу Србија и Косово.

Во изјава за медиумите на езерото Газивода, Тачи рекол дека за време на посетата имал посебни емоции. Тој истакнал дека раководството на земјата и особено тој како претседател работат за ново, евроатлантско, мултиетничко Косово.

Се сретнав со некои локални Срби со кои во пријателски и срдечен разговор испив кафе. Јас им служам на сите граѓани на Косово. – рекол Тачи.

Заедно со Тачи во посета на езерото Газивода и преминот Брњак биле и министерот за финансии Бедри Хамза, директорот на Косовската разузнавачка агенција Спенд Ахмети и директорот на Косовската полиција Рашит Џалај.

Агенција пренесе дека сите припадници на РОСУ се повлекле од северот и се вратиле во своите бази откако Тачи ја завршил посетата.

Според приштинскиот сајт “Газета Експрес”, Тачи рекол дека дошол на Газивода за да разговара со Србите и “да ги посети природните убавини”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.