Тој нагласи дека ситуацијата и последните случувања воопшто не се ветувачки и работите не се движат во позитивен правец.

Објавил: Весна Петровска | 24 јуни, 2019 18:19

Тачи со закана: Ако оваа година не се разбереме со Србија – ќе има дестабилизација на целиот регион

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека доколку оваа година не биде постигнат правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, односите меѓу двете земји ќе влезат во опасна зона и ќе доведат до дестабилизација во регионот.

-Сакаме веднаш и засекогаш да ги разјасниме нашите односи како држава со држава, што може да се постигне само преку дијалог со јасни рокови, прецизни цели, гаранции и меѓународна поддршка од САД и ЕУ. Не се сомневам дека доколку оваа година не се постигне правно обврзувачки договор меѓу Косово и Белград, тогаш ќе влеземе во опасна зона на односите, кои можат да го дестабилизираат целиот регион, истакна Тачи на отворањето на конференцијата „Гласот на народот“ во Приштина.

Тој нагласи дека ситуацијата и последните случувања воопшто не се ветувачки и работите не се движат во позитивен правец.

На почетокот на следната година на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини ѝ престанува мандатот на функцијата.

За потсетување, претставниците на Косово и Србија ќе имаат на располагање помалку од една година за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите.

„Тоа затоа што стремежот е договорот да се постигне во рамки на сегашниот мандат на структурите на Европската Унија, бидејќи досегашниот тек на дијалогот беше олеснуван од страна на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Дијалогот почна додека на таа функција беше Кетрин Ештон, додека се планира да заврши со Федерика Могерини“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.