Тајната на неговиот успех

Објавил: Стефан Каневче | 12 мај, 2019 10:16

Тајната на Кристијано Роналдо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

 

Кристијано Роналдо е профитабилна фудбалска машина, нешто што тој го покажа во текот на последната деценија. Ако има било какви сомнежи, само треба да се погледне натпреварот против Баерн Минхен, во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Признава дека внимателно се грижи за себе и ментално и физички. Се грижи до тој степен, што секогаш се труди да открие, што мора да промени за да продолжи да функционира на исто ниво.

Од 2016 година, тој одлучи да го промени својот стил. Тоа беше лична одлука, со специјална диета.  Со оваа одлука,напаѓачот сакаше да ја врати својата свежина. Со изборот што беше направен и режимот на фитнес, дојде до промена на неговиот секој дневен обем на работа.

Некои тренери веруваат дека изградба на сила и мускул за играчите е најдобра опција, давајќи им поголема брзина и агилност.

Сега, Роналдо наликува повеќе на традиционален фудбалер, а неговите голови против Баерн Минхен, укажаа што може тој да направи со својата брзина и интуиција.

Роналдо знае дека сеуште има простор за да се подобри и не чувствува никакви физички проблеми. Неговото внимание е сеуште фокусирано на голови и верува дека сеуште може да биде дел од историјата на својот клуб и дел од историјата на својот народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.