Таа како што може да се слушне на видеото вели дека клекнала за да не им смета на камерите, но на премиерот му стана незгодно по што поцрвене,  и ја замоли да застане до него, .

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 9:40

Тања клекна пред неговите нозе, премиерот Заев поцрвене од срам (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред да даде изјава за медиумите по завршувањето на Самитот на НАТО во Лондон премиерот Зоран Заев биуквално поцрвене поради една за него незгодна ситуација.

Премиерот во заминување Зоран Заев се збуни и поцрвене, кога една од новинарките клекна пред него.

Таа како што може да се слушне на видеото вели дека клекнала за да не им смета на камерите, но на премиерот му стана незгодно по што поцрвене,  и ја замоли да застане до него, .

Инаку премиерот Зоран Заев вчера беше во центарот на вниманието откако една бабичка, жителка на во општина Ѓорче Петров изрази незадоволство од него како премиер и од градоначалникот Александар Наумоски.

-Горно маало Волково кога ќе се заврши со канализација? Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките, ништо немаме. Горно маало немаме ништо и воопшто не сме задоволни со ништо. Сите кажувате, кога и да дојдете само кажувате, а немате ништо исполнето Од сред село на кај Кучково патот што, е поминете господине да видите по какви улици одиме ние, каде ни учат децата, по какви калови одат децата, подвикнала една од присутните жени.

Премерот им забележал на граѓаните дека е очигледно дека нивниот вербален напад е добро изрежиран и исцениран.

-Денеска сме дојдени за убава работа. Ваква исценирана претстава…. Само ќе ве упатам кај жената да прашате дали нејзината улица е асфалтирана. Асфалтирана е, истакнал Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.