Вакцините ќе се набавуваат преку Ковакс системот, но и со директна набавка со Фајзер и Астра Зенека. Според најавите вакцините треба да стигнат во февруари или март наредната година и со нив треба да биде вакцинирано 60 до70 посто од населението.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 декември, 2020 17:49

ТВ 24 ДОЗНАВА: КОИ ФИРМИ ЌЕ ГИ ЧУВААТ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19, ОДБРАНИ СЕ БЕЗ ТЕНДЕР

Фото/Текст извор: ©24мк

Вакцините против Ковид ќе ги набавува државата, а ќе се чуваат во неколку фарамцетски компании. Своите капацитети за чување ги понудиле Алкалоид Конс, Елбиор, Македонија лек, Др. Пановски и Феникс, потврди за ТВ 24 министерот за здравство Венко Филипче. 

„На состанокот што го имавме овие фармацевстки фирми ги понудија своите капацитети. Дел од нив се понудија чувањето на вакцините да биде целосно на нивен трошок. Посетивме некои од нив и можам да кажам дека имаат навистина добри просторни и услови за чување“, изјави за ТВ 24 министерот Филипче.

Нема да има тендер за постапката за чување на вакцините. Експертите велат дека законот дозволува директно договрање во итни ситуации, но станува збор за нетранспарентна постапка. 

„Потребно е да се оебзбеди дополнителна трансперентност од минисмалната што ја бара законот. Ова особенос е однесува за водените преговори, причините за избор на ваква ппостапка и условите за фирмите. Ова е потребно и пор54ади важноста на прашањето во јавноста, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. 

Филипче појасни дека во моментот правниците работат на изготвување на договори со фирмите. 

„Нема никаква посебна постапка на чување. Вакцините против Ковид ќе се чуваат по вообичаениот систем како и другите вакцините. Единствено се чекаат фрижидерите во кои ќе се чуваат на минус 70 степени целзиусови, кои се донација од Американска фондација“, рече Филипче. 

Според најавите овие фрижидери во државата треба да пристигнат во јануари, а во меѓувреме ќе течат обуки на медицинскиот кадар кој ќе ги аплицира вакцините во ЦЈЗ, Здравствените домови и болниците каде што има пунктови. 

Вакцините ќе се набавуваат преку Ковакс системот, но и со директна набавка со Фајзер и Астра Зенека. Според најавите вакцините треба да стигнат во февруари или март наредната година и со нив треба да биде вакцинирано 60 до70 посто од населението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести