Како што пренесува ТВ21, од партискиот кабинет на Ахмети ја потврдиле информацијата дека нивниот претседател за десет дена ќе оди за Приштина да сведочи за неговата услога во ОВК.

Објавил: Владо Марин | 22 август, 2020 19:47

ТВ21: Ахмети на 2 септември ќе сведочи во Специјалниот суд за воените злосторства во Косово

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 2 септември ќе сведочи на Специјалниот суд за воендите злосторства во Косово, јавуваТВ21 повикувајќи се на извори од партијата.

Како што пренесува ТВ21, од партискиот кабинет на Ахмети ја потврдиле информацијата дека нивниот претседател за десет дена ќе оди за Приштина да сведочи за неговата услога во ОВК.

Неодамна беше договорена коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, како и ново мнозинство во Собранието, соопшти лидерот Зоран Заев кој потенцираше дека ќе биде премиер во следните четири години.

Тој посочи дека договореното ќе биде разгледано и од највисоките органи на двете партии, по што договорот ќе биде потврден.  

„Заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и генералните секретари на партиите, имавме успешна работна средба на која ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка на идната соработка на владина коалиција. Постигнат е коалициски договор за создавање на парламентарно мнозинство, за распределба на одговорноста, состав и принципи на новата Влада со полн мандат кој во следните четири години ќе работи посветено за граѓаните и државата. Овој договор ќе биде презентиран и доставен на разгледување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ, односно Централниот одбор на СДСМ и Централниот совет на ДУИ. СДСМ тоа ќе го направи и пред своите коалициони партнери, како и ДПА како иден владин партнер“, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести