Тевдовски се враќа на Економскиот факултет

Објавил: Узунов Бобан | 27 јуни, 2019 9:30

Тевдовски му откажа послушност на Заев, не сака да биде негов советник !

Фото/Текст извор: ©магазин

Драган Тевдовски, кој вечерва беше разрешен од министерската позиција во ресорот финансии во Владата на Зоран Заев на Фејсбук објави дека се враќа на Економскиот факултет. Тевдовски е единствениот министер од СДСМ кој го зафати долго најавуваната метла на премиерот Заев, иако не беше поврзан со ниту еден скандал за разлика од некои негови колеги. 

Тевдовски не ја потврди изјавата на Заев дека останува негов советник. 

Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.
Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет.“, напиша Тевдовски.


»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.