Уште едно зголемување на даноците

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2019 7:56

Тевдовски: Општините да го зголемат данокот на имот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за финансии вели дека општините можат да ги зголемат приходите доколку го зголемат данокот на имот на граѓаните.

Иако имаат можност да соберат повеќе средства со данокот на имот за кој има можност од 0,1 до 0,3 отсто никоја од општините тоа не го прави. Поради борбата за гласови не ја зголемуваат најниската стапка и сите одат со 0,1 отсто“, рече Драган Тевдовски одговарајќи на прашање на поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи.

Министерот, на дебатата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, побара општините да размислуваат за подобрување на приходните страни и планирањето на трошоците, а не да бараат повеќе пари од Владата.

Инаку, Владата веќе коригише неколку даноци меѓу кои данокот за доходот од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување ќе се плаќа данок по стапка која е единствена, односно по 15 отсто.

Исто така граѓаните и фирмите треба да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно.

Прогресивното одначување на приходите беше најавено во март минатата  година, а тоа беше и дел од програмата на сега владеачката партија СДСМ.

Министерот Драган Тевдовски тогаш најави дека ќе се оданочуваат со стапка од 18 отсто сите приходи на граѓаните кои заработиле повеќе од 1.000 евра месечно, што сега веќе е преточено и во подготвителната верзија на законот.

Во земјава низ историјата имало и прогресивни даночни стапки за „персоналецот“. Од 1994 до 2001 година имаше прогресија од три стапки. Од 2001 до 2004 година доходот остварен во износ до 360.000 денари се оданочуваше по стапка од 15 отсто, доходот над 360.000 денари со стапка од 18 отсто. Од 2005 до 2006 година оданочувањето на доходот на граѓаните се врши повторно на три нивоа.

Доходот до 360.000 денари се оданочува со стапка од 15 отсто, доходот од 360.000 до 720.000 денари со стапка од 18 отсто додека доходот над 720.000 денари по стапка од 24 отсто. Од 1 јануари 2007 година се воведува пресметување на персоналниот данок со пропорционална даночна стапка односно со рамен данок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...