Министерот за финансии во Тексас

Објавил: admin@magazin | 11 април, 2019 9:37

Тевдовски: Очекуваме растот на странските директни инвестиции да се удвои на 5% од БДП

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Се очекува растот на странските директни инвестиции да се искачи на над 5% од БДП, одржливо ниво, во периодот по пристапување во НАТО. Ова е двојно повеќе од просечната стапка на раст на странски директни инвестиции во Република „Северна“ Македонија во изминатите пет години.

Членството во НАТО имаше огромно влијание на другите земји од регионот. Ако го споредувате периодот пред и по пристапувањето кон НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП кај некои од земјите се удвоија, додека кај други дури се триплираа. Не гледам зошто Северна Македонија би била исклучок од ова. Ако изминатите 5 години просечната стапка на раст на странски директни инвестиции како процент од БДП беше релативно ниска и изнесуваше околу 2,5%, очекувањата се дека во следниот период тие ќе се искачат на одржливо ниво од над 5% како процент на БДП– рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека земјата успешно ја задржала макроекономската и финансиската стабилност, како и дека очекува тоа да се задржи и во иднина. Тој рече дека денарот е стабилен, инфлацијата ниска и стабилна, дефицитот на тековната сметка низок, банкарскиот и финансискиот систем стабилен, додека државниот долг е меѓу најниските во регионот и Европа

Тој истакна дека како министер имал бројни контакти со странски инвеститори, корпоративни и финансиски и дека секогаш предмет на интерес на тие средби било и прашањето за политичка стабилизација, за решение за спорот со името и за прогресот во интеграциите кон ЕУ и НАТО.

На економски план „Северна“ Македонија е стабилна, западно ориентирана земја. Со политичката стабилизација, договорот со Грција и прогресот во евроатланските интеграции ги елиминира политичките пречки и дава основа за повисоки инвестиции и економски раст во периодот кој доаѓа. Членството во НАТО е гаранција за стабилност и долгорочна одржливост. Затоа верувам дека економските бенефити ќе бидат брзо видливи – повисоките странски, како и домашни инвестиции ќе резултираат со повисок извоз, повисока вработеност и плати и повисок животен стандард за граѓаните-рече Тевдовски.

Исто така истакна дека економијата на земјата е блиску поврзана со ЕУ, така што 80% од извозот е во земјите во ЕУ, околу 80% од странските инвестиции доаѓаат од Унијата, а исто така и три четвртини од банките се со странски капитал, повторно од ЕУ.

Инаку, Bush School of Government and Public Service” е една од најдобро рангираните школи во САД за јавна администрација, меѓународни односи и надворешна политика. На „Bush School of Government” обраќања и предавања држеле гувернери, конгресмени, сенатори, амбасадори и познати универзитетски професори. Затоа ова е одлична можност за промовирање на нашата земја, како и реформите и напорите кои ги прави во насока на евроатланските интеграции и економски развој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...