Кратко откако Владата објави дека ќе ја одложи примената на прогресивниот данок до 2023 година, Тевдовски, министерот кој всушност го воведе даночењето со прогресија, на својот Фејсбук профил напиша:

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 ноември, 2019 22:56

Тевдовски: Пред да гласаат пратенциите на СДСМ да помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повлекувањето на прогресивното даночење би значело бришење на социјалдемократската кауза на партијата, порача поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски.

Со заминување на министерот Тевдовски, СДСМ ја потврди катастрофата што ја направи на економијата во Македонија

Кратко откако Владата објави дека ќе ја одложи примената на прогресивниот данок до 2023 година, Тевдовски, министерот кој всушност го воведе даночењето со прогресија, на својот Фејсбук профил напиша:

“Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ.
Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ.”

Од најголемата опозициска партија обвинуваат дека поради аматеризмот на власта штета трпат сите актери во општеството, како граѓаните и фирмите, така и државата бидејќи наплатата на данокот на добивка била за 50% помала. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека

“Потребно е целосно укинување на прогресивниот данок и враќање на рамниот данок, а не негово времено запирање.”

“Денеска слушам Владата го стопирала спроведувањето на Законот за прогресивен данок. Таква една смејурија направивте со тој закон, толку солзи се пролеаја во ова Собрание, па не само Премиерот, не само тогашниот Министер за финансии, па потпретседателите на Владата, па колку од вас тука дискутираа дека тоа е најдоброто решение… Денеска свирите рачна и се повлекувате назад заради тоа што аргументите кои што ви ги кажавме за прогресивниот данок станаа видливи со првите статистички податоци”, изјави Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Прогресивното даночење се применува од почетокот на годинава. Бизнис коморите долго алармираа дека не е соодветно време за ваква промена во даночната политика. Но, како што велат, власта не ги послушала нивните барања. Тие ги повикаа надлежните институции да проверат колку физички лица отвориле сметки во соседните држави, каде го селат капиталот поради пониските даноци.

извор Сител.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...