Тој пишува дека му било чест што токму тој ја водел оваа функција, и упати благодарност до својот тим соработници. Тој најави дека се враќа на старите обврски, на Економскиот факултет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јуни, 2019 9:44

Тевдовски: Со крената глава се враќам на Економскиот факултет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако на вчерашната седница на Собранието кое по десет часовна расправа го разреши министетот Драган Тевдовски од неговата функција, министер за финансии, тој се огласи на својот Фејсбук профил.

Тевдовски беше тргнат од оваа функција по барање на премиерот Заев, кој целеше да биде министер за финансии и премиер, но вчера ја повлече ваквата одлука…

Тој пишува дека му било чест што токму тој ја водел оваа функција, и упати благодарност до својот тим соработници. Тој најави дека се враќа на старите обврски, на Економскиот факултет.

Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.
Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет.

Неговиот соработник пак Бранимир Јовановиќ исто така на Фејсбук посвети статус до сега веќе поранешниот министер Драган Тевдовси, каде пишува дека вчерашниот ден бил емотивен за сите.

Се поздравивме денес. Прати маил до сите. Се заблагодари за соработката и кажа дека од 10 ч. ќе биде во бифе. Дојдов на работа само за да се поздравам со Дракче.”

“Сите плачевме денес. Кога влезе на 10ти во бифето, 5 минути без престан ракоплескавме. За никој не било вака во мои 20 години во министерство.”

“Денес Драган замина како што му доликуваше. Со огромен аплауз и со емоции кај повеќето од вработените. Мислам дека тој кабинет никад нема да се повтори. Човечноста пред сѐ.”

Дел од пораките кои ми ги пратија денеска поранешните колешки и колеги од Финансии.

А јас само ќе кажам дека ми беше чест што бев дел од тој тим. Идемо даље!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.