Од „Телекабел“ информираат дека по извршениот увид и дозволата за влез во објектот повторно ќе добијат интернет граѓаните. Се очекува проблемот да се реши за неколку часа.

Објавил: Перо Милчин | 3 јануари, 2021 12:34

„ТЕЛЕКАБЕЛ“ ИНФОРМИРА ДЕКА ПО УВИДОТ НА НАДЛЕЖНИТЕ ВО ОПОЖАРЕНИОТ „ГЛОБАЛ“ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ИНТЕРНЕТ

Фото/Текст извор: © магазин.мк

Голем број граѓани од синоќа се и без интернет конекција поради пожарот во трговскиот центар „Глобал“.

Имено, во трговскиот се просториите на кабелскиот оператор „Телекабел“, па корисниците на нивните интернет услуги засега немаат интернет, затоа што за гасење на пожарот е изгасната целата електрична инсталација во објектот, известува kanalvis!

Од „Телекабел“ информираат дека по извршениот увид и дозволата за влез во објектот повторно ќе добијат интернет граѓаните.

Се очекува проблемот да се реши за неколку часа.

Синоќа, (сабота) 02.01.2021 година во 23.12 часот избувна голем пожар во ГТЦ Глобал.

Извршено е гаснење на пожарот од три влеза и тоа од ул.Ленинова, ул.4 Јули и ул.Васил Сурчев. Пожарот е ликвидиран во 03.50 минути.

Оставена е дежурна екипа заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел. Причинета е огромна материјална штета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.