Прекрасен појадок и долгогодишна традиција на Македонската кујна.

Објавил: admin@magazin | 28 јануари, 2019 19:43

Телешка чорба на Македонски начин

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Телешката чорба е одличен лек за мамурлук, но и за да ве згрее во студените денови!

Чорба е јадење кое често се среќава во балканската, македонската, бугарската, грчката, турската и источноевропската кујна. Се приготвува од добро сварено и ситно исечкано телешко или јагнешко шкембе. 

 

На чорбата ѝ се додаваат зачини – лук, киселина, лут црвен пипер или лути пиперки. Популарна е како средство против мамурлак.

Состојки :

500гр телешко месо

4 до 5 телешки коски

1 кромид

2 моркови

2 компири

1 Корен целер

2 лажици брашно

200мл павлака

1 жолчка

Кромидот ситно се сецка и се потпржува. Месото ситно се сецка и заедно со коските се ставаат во тенџерето каде сто се пржел кромидот. Се налева вода колку да се покријат и се оставаат да се динстаат на тивко околу 1 час.После 1 час коските се вадаат од тенџерето и во него се додава ситно исецканиот зеленчук и 2Л вода.

Се насолува и побиберува. Се прави запршка од 2 лажици брашно, се истура во чорбата и се заедно се остава да се вари на тивко уште 30мин.

Откако ќе се тргни тенџерето од оган во чорбата се додава каша од павлаката, жолчката и ситно сецкан магдонос. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.