Вкусен телешки гулаш. Пробајте го!

Објавил: admin@magazin | 11 декември, 2021 14:00

ТЕЛЕШКИ ГУЛАШ НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН!

Фото/Текст извор: ©мои рецепти

Гулашот е вид на јадење, по потекло од Унгарија, кое најчесто се подготвува од говедско месо, кромид и пиперки. Црниот пипер е главен зачин во гулашот, а можат да се користат и други зачини како што се : ловоров лист, ким, и слично.

Суштинско значење за ова јадење е затоа што тоа е токму она што ја прави разликата помеѓу добар и совршен гулаш.

Печење пиперки во масти, по на најефикасен начин за отстранување на етерични масла од црн пипер.

Зборот „гулаш“ доаѓа од унгарскиот збор , што значи сточар, а самото јадење се нарекува сочно месо. Денеска зборот се однесува на два поима.

Состојки

600 гр телешко месо без коски

300 гр кромид

1 морков

1 домат

1 лукче

70 мл црно вино

1 л вода

1/2 лажиче црн бибер

1 ловоров лист1

лажиче црвен пипер

Подготовка:

1. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го во тенџере со масло да се пржи колку да омекне.

2. Додадете го на коцки исеченото месо, измешајте и пржете ги заедно неколу минути мешајќи да не загоре.

3. Потоа додадете ги исецканиот морков, лукчето, излупениот исецкан домат, пиперот, ловоровот лист, биберот, вегетата и солта и измешајте.

4. Додадете ги виното и водата, покријте го тенџерето со капак и оставете го да вари на тивок оган 2 саати додека месото не омекне и сосот не се згусти.

5. Готовиот гулаш послужете го топол со пире или варен ориз, наросен со сецкан магдонос.

Пријатно јадење!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.