Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2019 6:57

ТЕМА КОКАИН ВО МАКЕДОНИЈА: Уапсени уште 12 лица кои купувале кокаин !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во акцијата на полицијата во која беа уапсени четворица дилери на дрога, од слобода се лишени уште 12-лица кои купувале кокаин.

Како што известуваат од Министерството за Внатрешни работи, уапсените биле менаџери на кафе барови, ресторани, ноќни клубови, адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација во Република Македонија.

„Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица„ соопштија од МВР.

Во рамки на истрагата, претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице кое е вработено на висока позиција во Царинската управа за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба на наркотични и опојни дроги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.