Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2020 10:08

Темелковска: Медицинските сестри се под целосна заштита- вложуваат напори работата да се заврши навреме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Габриела Темелковска вработена како Одделска медицинска сестра на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби- Скопје упати благодарност до своите колеги кои како што вели го даваат својот максимум за да помогнат. Таа истакна дека и поради големиот број на заболени од Ковид 19, сепак медицинските лица кои се иако во мал број успеваат навремено и професионално да ја завршат својата работа.

„Носам маска на моето работно место за да се заштитам, со што го штитам и моето семејство и сите останати. Во изминативе 7 месеци нашата клиника функционира одлично, благодарение на медицинските сестри, кои иако се во мал број, ги вложуваат сите напори работата да се заврши навреме и под целосна заштита. Голема благодарност до колегите од други клиники и градови кои го даваат својот максимум да ни помогнат.”

Инаку во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.

Од Институтот за јавно здравје беа регистрирани 215 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.