ДАЛИ ВЕЌЕ Е ПОЗНАТ ДОБИТНИКОТ НА ТЕНДЕРОТ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР?

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 октомври, 2019 10:13

Тендерот за Клинички договорен, го добила австриска фирма?!- ОТКРИВА ЛИ ГЕРОСКИ НОВ СКАНДАЛ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Бранко Героски кој воедно е и уредник на порталот Плус инфо кој прв ја обелодени веста за случајот Рекет,овој пат на својот Фејсбук профил објави индиции дека тендерот за новиот Клинички центар кој ќе се гради во Ѓорче Петров е веќе договорен и ѝ припаднал на реномирана фирма од Австрија, која 33 години е во бизнисот.

Сепак, тендер е во прашање. Како е можно однапред да се знае кој ќе го добие? Ако е тоа точно…
Само прашувам.

ДАЛИ ВЕЌЕ Е ПОЗНАТ ДОБИТНИКОТ НА ТЕНДЕРОТ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР?

Неофицијално дознавам дека денеска, на пат за Брисел, каде што се решава прашањето за датумот за преговорите со ЕУ, премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, некое време ќе се задржи во Виена (а Филипче и ќе останел таму, ако ми е точно инфото).

Прашувам, дали ова задржување на Заев има врска со потенцијалниот добитник на тендерот за новиот Клинички центар, тежок 500 милиони евра?

Дали е точно дека било јавна тајна дека тендерот речиси сигурно ќе го добие австриската компанија “Вамед”, на Балканот интензивно присутна со проекти во српскиот дел на БиХ и во Србија?

Инаку, читам дека нема ништо спорно во портфолиото на оваа компанија – стара 33 години, реализирала 700 проекти во 72 земји, вработува 16.000 работници и има годишен промет од 1,5 милијарди евра.

Сепак, тендер е во прашање. Како е можно однапред да се знае кој ќе го добие? Ако е тоа точно…

Само прашувам.

И да потсетам. Станува збор за проект вреден неверојатни 500 милиони евра, што треба да се гради во Ѓорче Петров.

Владата го поништи претходниот тендер од времето на Груевски, вреден три пати помалку. Тогаш тендерот го добија домашните компании “Гранит” и “Бетон” и италијанската компанија “ИНСО системи”.

Македонските градежници сега се побунија дека условите во новиот тендер за нив биле дисквалификаторни. Наречете ме ваков или онаков, но јас не разбирам зошто македонските градежници нема да добијат шанса барем партнерски да учествуваат во овој грандиозен проект. Да работат и да заработат. Малку и тие да се офајдат.

Толку ли не ги бидува? Толку ли се неконкурентни? Или нешто друго е во прашање…

Само прашувам. Се надевам дека некој ќе понуди добри одговори.

пишува Героски во постот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...