Инцидентот го потврди косовската полиција.

Објавил: Владо Марин | 10 февруари, 2020 16:50

ТЕПАЧКА ВО КОСОВО ПОМЕЃУ СРБИ И АЛБАНЦИ: Три лица побарале лекарска помош

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во попладневните часови на Косовско Поле се случи тепачка помеѓу Албанци и Срби, а тројца побарале болничко лекување во Клиничкиот болнички центар во Приштина, пренесува „Газета експрес“.

Инцидентот го потврди косовската полиција.

„Тепачката се случила поради паркирањето. Лицата кои се испотепаа се соседи. Полициските единици пристигнале на местото на настанот веднаш по повикот и го водат случајот. Но, првите податоци покажуваат дека имало недоразбирање околу паркирањето “, рече портпаролот на косовската полиција Даут Хоџа.
Експрес објави дека тројца се повредени и побарале помош во КБЦ во Приштина.

Хашим Тачи (24 април 1968) — косовски политичар кој ја извршува функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016). Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на Ослободителна војска на Косово (ОВК), паравоена организација која учествувала во Косовската војна.

Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косовско Поле (во централниот и и источниот дел) и Метохија (во западниот дел) кои се одделени со висорамнината Дреница и планината Црнолева.

На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетие со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри (највисок во Србија), на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина.

Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори.

Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО.

Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...