Меј (62) беше именувана за премиерка на Велика Британија во јули 2016 година, веднаш по референдумот на кој Британците со 52 отсто од гласовите се изјаснија за напуштање на Европска Унија.

Објавил: Перо Милчин | 7 јуни, 2019 10:30

Тереза Меј денеска официјално ќе поднесе оставка и ќе замине од премиерското столче на Велика Британија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тереза Меј, Британската премиерка денеска официјално ќе поднесе оставка од лидерската позиција во Конзервативната партија и од премиерската функција.

Терзеза Меј, на чело за местото премиер на Велика Британија беше именувана во јули 2016 година, веднаш по референдумот на кој Британците со 52 отсто од гласовите се изјаснија за напуштање на Европска Унија.

Парламентот во Велика Британија неколку пати го отфрли Договорот за Брегзит, за кој премиерката Тереза Меј повеќе месеци преговараше со Брисел.

Меј беше принудена да го пролонгира Брегзит неколку пати, а последниот рок за напуштање на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври. Таа нејзината оставка ја најави на 24 мај по голема низата обиди да ги убеди пратениците да го прифатат договорот за Брегзит.

За премиерското место помеѓу 11 кандидати голем фаворит важи, Борис Џонсон, кој е пратеник од Конзервативната партија.

Тој беше градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата.

Борис Џонсон пред три години беше виден како сигурен победник да го замени Камерон, но, загуби од сегашната премиерка Тереза Меј делумно поради Мајкл Гов, кој се повлече од негов менаџер на кампањата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.