,Позитивното гласање за Преспанскиот договор е историски момент за Македонија, напиша на социјалните мрежи британската премиерка Тереза Меј.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јануари, 2019 13:06

Тереза Меј : “Ова е голем историски момент за Македонија”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пред два дена Македонското Собрание со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои доаѓаат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името на Република Македонија.

Гласањето за уставните измени што се случи во македонското Собрание е вест која ја пренесуваат најголемиот дел од германските и британските електронски медиуми. Се обрнува големо внимание исто така на она што претстои во Грција. Македонската влада ја исполни својата должност од договореното со Грција, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.

Британската премиерка и член на конзервативната партија во Британија Тереза Меј на твитер и честиташе на Македонија за успешното завршување за спорот со Името.

,,Позитивното гласање за Преспанскиот договор е историски момент за Македонија. Честитки до македонскиот Парламент и до Владата на премиерот Зоран Заев”, напиша денеска на Твитер британската премиерка Тереза Меј.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести