Терористичкиот напад се случи во лондонското предградие на Стритам, а очевидци изјавија дека слушнале и истрели од огнено оружје.

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 февруари, 2020 17:53

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЛОНДОН: Избодени повеќе лица, сирените одекнуваат низ градот(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Foto: Youtube prtscr / Ciobanu Fabian магазин.мк

Вистинската драма се случи во Лондон кога терорист прободе неколку лица и беше убиен од британската полиција, јавуваат локалните медиуми.

Неколку лица се прободени, а видеата споделени на социјалните мрежи ја покажуваат вооружената полиција на улица. Терористичкиот напад се случи во лондонското предградие на Стритам, а очевидци изјавија дека слушнале и истрели од огнено оружје.

На лице место се наоѓаат екипите на итна помош.

Според ризикот од тероризам, Македонија била рангирана на 78. место во светот, Косово на 70. место, Босна и Херцеговина на 62. место, Албанија на 92. место, Бугарија на 82. место, Црна Гора била рангирана на 117. место, Србија на 121. место, Хрватска на 126. место, Словенија на 130. место итн.

Според Институтот за економија и мир од Синдеј, бројот на смртни случаи предизвикани од терористички напади пораснал од 3.329 во 2000 година на 32.685 во 2014 година. Од вкупните жртви, дури 78% отпаѓале на пет земји: Ирак, Нигерија, Авганистан, Пакистан и Сирија, а речиси 50% од жртвите биле дело на две терористички организации – „Боко Харам“ и „ИСИС“.

Притоа, во 2014 година се случиле терористички напади во дури 93 земји. Според анализите на Институтот за економија и мир, од 2000 до 2015 година, во светот се случиле 73.000 терористички напади (еден напад на секои 12,5 дена), во кои загинале 170.000 луѓе.

Притоа, со текот на времето растел бројот на загинатите цивили: во 2000 година загинале речиси 2.000 цивили, тој број се искачил на над 12.500 во 2015 година. Над половина од нападите врз цивилите биле извршени со експлозивни направи и со бомби, а околу 20% со автоматско или друго огнено оружје. Во 2015 година, во светот загинале 29.376 лица, со што таа била втора најкрвава година во историјата (веднаш по 2014). Вкупната материјална штета направена од терористичките напади во светот изнесувала 89,6 милијарди долари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...