Денешните случувања во Собранието на Македонија, каде јавно се уценуваат и понижуваат претениците на ВМРО - ДПМНЕ и опозицијата наиде и на реакции на згрозеност во Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 18:38

Теророт во Скопје е премногу дури и за грчката јавност

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Угледниот политички аналитичар од сферата на европските прашања и медиумски продуцент, Јанис Куцомитис со згрозеност кон она што денес се случува со Собранието на Македонија.

Куцомитис смета дека иако е поддржувач на Преспанскиот договор и иако му смета што се нарекуваме Македонци а државата Македонија, она што се случува во Скопје е под секое човечко а не политичко достоинство.

Аналитичарот Куцомитис коментира:

Ниту еден Грчки политичар немаше чувство да каже дури и збор за оргијата на уцени и притисок што членовите на опозицијата во Скопје од трети земји ја преживуваат за да гласаат за уставниот измени за ратификување на договорот.

Модерна верзија на дипломатската дипломатија.

Без разлика дали сме за договорот или против, сосема е надвор од демократските вредности ова што се случува во Скопје.

Да не бидеме демократи само во добри и лични интереси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести