Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

Објавил: Владо Марин | 9 август, 2021 15:42

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Фото/Текст извор: ©tv24

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови ја чувал една од примероците на Охридскиот рамковен договор.

За разлика од него, ваков примерок не поседува ниту една политичките партии, претседателот на државата или пак Државниот архив на Република Северна Македонија, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби, при доставување на овој документ во Државниот архив, истакнувајќи дека е горд што по 20 години успеал да ја обелодени оваа мистерија во однос на документот на Охридскиот договор.

-Големата свест на Илир Љума од Тетово, член на ПДП кој се грижел цели 20 години за да го чува овој документ во својата куќа, имајќи ја предвид негрижата на сите институции и политички партии, кои го немаа архивирано овој документ. Станува збор за лице кој бил асистент во потпишувањето на Охридскиот договор и потоа го земал од канцелариите на најстарата  политичка партија на Албанците во државата и во домашни услови води грижа на архивски начин за овој документ. Нашите истражувања не доведоа до оваа откритие и господинот Лума пред две недели го достави овој документ во мојот кабинет, истакна Груби.

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

Груби информираше и дека главниот настан за одбележување на 20-годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи в петок и на него свое учество потврдиле Џорџ Роберстон, Питер Фејт, Дејвид Филипс, Пол Вилијамс, членови на Владата, претседателот на државата и поранешни министри и функционери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...