Се работи на расветлување на случајот

Објавил: Данаил Михајловски | 22 септември, 2018 11:21

Тетово: При контрола на возило пронајдено марихуана и кокаин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

При полициска контрола во автомобил откриено марихуана и кокаин, лицето е лишено од слобода.

На 21.09 околу 21.20 часот на ул. „113“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко моторно возило „Пежо 306“, со тетовски регистарски ознаки управувано Б.Р.(32) од Тетово.

При прегледот на возилото пронајдена е една кеса со марихуана, и три помали кесички со кокаин. Лицето е лишено од слобода и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.