– Јетон Пустина, вработен во неколку институции, секој месец добивал плата во износ од 20.000 денари од општинскиот буџет за да извршува политички и партиски активности по собирите на Теута и на ДУИ

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 февруари, 2022 6:02

Теута Арифи од Општина Тетово давала плата до 500 евра и на роднини кои живеат и работат во Германија

Фото/Текст извор: ©магазин/сител

-Во текот на осумте години на власт, Теута Арифи само за овие позиции на договор за дело има потрошено над 7 милиони евра, пари на даночните обврзници. Доколку овие пари беа потрошени таму каде што има потреба, а не за луѓе што се партиски милитанти, за членови од семејството на Теута Арифи и на вработените во нејзиниот кабинет, денес од овие пари ќе беа изградени неколку градинки за деца, улици, катчиња за играње за децата, паркови и слично.

На листата којашто е јавно објавена ќе видите како години по ред Теута Арифи им давала и продолжува да им дава плати на партиските милитанти, на нејзините блиски и на блиските на лицата во нејзиниот кабинет, кои никогаш не работеле во општината, а некои, пак, ниту се наоѓаат во Тетово, туку живеат и работат во странство“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Партијата ги објави и дел од имињата на луѓето кои добивале пари од Општина Тетово, а кои биле блиски луѓе на градоначалничката:

– Албона Меџани Синани, сопруга на Бетим Синани, роднина на Теута Арифи, со договор за дело, добивала плата во износ од 15.000 денари месечно. Живее и работи во Германија.

– Руџул Сулејмани, сопруга на Вахид Сулејмани – директор на финансии во Општина Тетово, прв братучед на Теута Арифи. Никогаш нема работено во општината, добивал плата од 30.000 денари месечно.

– Арлинд Зеќири, бивш министер и функционер на ДУИ, секој месец добивал плата од 17.000 денари. Никогаш нема работено во општината.

– Рудина Фазлиу, сестра на Арменд Фазлиу, активист и милитант на ДУИ, вработен во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добивала плата од општината во износ од 15.000 денари, иако тој работи во компанијата Eколог.

– Хидије Цека, сопруга на бивш директор на Јавното комунално претпријатие, Џелал Цека, секој месец добивал плата од општината во износ од 25.000 денари, а никогаш нема работено во општината.

– Валмир Алили, сопруг на Вјолца Алили, вработена во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добивал плата во износ од 15.000 денари, иако не работел во општината туку има приватна компанија.

– Генти Исмаили, брат на Арди Исмаили, активист и милитант на ДУИ, вработен во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добивал плата од општината во износ од 30.000 денари, а никогаш нема работено во општината.

– Јетон Пустина, вработен во неколку институции, секој месец добивал плата во износ од 20.000 денари од општинскиот буџет за да извршува политички и партиски активности по собирите на Теута и на ДУИ.

Слични листи, со вработени со договор за дело има и во Јавното комунално претпријатие, каде што исто така има многу блиски на Теута Арифи и на нејзиниот сопруг, но исто така и блиски на други функционери на ДУИ, кои примаат плата со години, а никогаш не отишле на работа. Многу загрижувачки е фактот дека овие фиктивни вработени со договори добиваат огромни суми, додека на вработените им се доцнело со платите и не им се уплаќале здравствените и пензиски придонеси. За сите овие малверзации и злоупотреби на Теута Арифи, ќе ги информираме надлежните државни институции, како што се Основното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните институции, амбасадите на европските држави и амбасадата на САД, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести