Веднаш по грабежот била алармирана полицијата која започнала истрага.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 9:38

Тешка кражба во Порта Влае- со автоматски пушки ограбиле казино

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утринава, околу 6.30 часот, петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки ограбиле казино на „Адмирал“ лоцирано во Порта Влае, објави „Слободен печат“.

Разбојниците парите ги ставиле во бели вреќи и избегале. Веднаш по грабежот била алармирана полицијата која започнала истрага.

Пред само четири дена во близина беше ограбена и експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров од каде беа одземени се 8.700 евра, информираа од Банката.

Пред две години исто така беше ограбена НЛБ банка и тоа од вработен и ја олсни банката за 5 милиони евра за кои се уште нема ни трага, а краецот беше осуден на 5 години затвор, пред неколку месеци исто така банка на НЛБ имаше вооружен грабеж во скопската населба Чаир.

Парите на граѓаните се безбедни и покрај ваквите случувања бидејќи банката е добро обезбедена и осигурана, така да нема потреба од никаква паника за штедачите и клинетите на оваа банка. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.