Автобусот сообраќал од главниот град кон градот Корипат на северот на земјата.

Објавил: Мартин Попоски | 1 февруари, 2020 11:01

Тешка несреќа во Боливија: Автобус слета во провалија, загинаа 14 лица 19 се повредени(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 14 лица загинаа вчера, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа во близина на главниот град на Боливија, Ла Паз, соопштија официјалните лица.

Несреќата се случила кога автобусот вртејќи на кривината, слетал во провалија, објави АП.
Автобусот сообраќал од главниот град кон градот Корипат на северот на земјата. Тоа е трета голема несреќа оваа недела во Боливија, при што загинаа вкупно 17 лица во претходните две.

Минатиот месец боливиската полиција соопшти дека во судир на два автобуса загинале 22 лица, а 37 се повредени.
Несреќата се случи на пат кон градот Чалапати, кој е оддалечен 250 километри од Ла Паз. Причина за несреќата беше неприлагодена брзина на еден од автобусите.

Боливија е или официјално Повеќенационална Држава Боливија е независна држава во Јужна Америка. Боливија се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад.

Главен град на државата според уставот е Сукре, а седиште на владата е Ла Пас. Државата има 37 службени јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението се јужноамерикански староседелци, меѓу кои најголеми се Кечуаните, Ајмарите и Гвараните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...