Судирот се случил во близина на градот Гjивице во Ссесија, регион во југозападна Полска.

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2020 12:57

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ПОЛСКА: Судир со автобус и комбе, девет лица го загубија животот, седуммина се повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Девет лица ги загубија животите во судир меѓу автобус и комбе во Полска, а додека седум се повредени, пренесува Асошиејтед Прес.

Судирот се случил во близина на градот Гjивице во Ссесија, регион во југозападна Полска.

Жртвите на судирот, кои ги загубија животите, се возеле во комбе, додека патниците кои биле во автобусот се повредени.

Властите потврдија дека во комбето имало девет лица во моментот на несреќата и дека сите починале, а дека автобусот превезувал 49 патници.

Портпаролот на полицијата изјави дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека возачот на комбето изгубил контрола врз возилото. 

Меѓу седумте повредени патници од автобусите кои се згрижени во болницата, возачот е во најсериозна состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...