Тешка несреќа кај Загреб.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 ноември, 2020 17:36

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ЗАГРЕБ-СПЛИТ: 4 мртви и 5 повредени, се судрија камион и комбе

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Најмалку 4 лица загинаа, а 5 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Загреб-Сплит, во која учествуваа камион и комбе.

Сообраќајната несреќа се случи утрово околу 7,20 часот во правец кон Карловац.

“Бевме на 300 метри, комбето и камионот завршија во каналот. Изгледаше ужасно”, рече очевидец.

Засега нема информации за причините и околностите на судирот.

Неодамна исто така се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска кога судрија неколку теретни возила и два автомобили. 

Поради безбедноста на другите учесници во сообраќајот, сообраќајот беше затворен од излезот Ругвица во источен правец и од излезот Иваниќ Град во западен правец, сообраќајот се заобиколува по локалните патишта. Во соработка со надлежните служби, северниот пат А3, помеѓу клучката Ругвица и Иваниќ град, итно се подготвуваше за двонасочен сообраќај со една лента.

Според досегашните информации во сообраќајната несреќа загинале две лица, велат од полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...