Повредените најпрвин се пренесени на Ургентниот центар во Тетово, а од таму се транспортирани на скопските клиники.

Објавил: Перо Милчин | 2 август, 2019 11:43

Тешка сообраќајна на автопатот Тетово – Гостивар, повредени три деца!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот Тетово – Гостивар.

Според неофицијални извори пет лица се повредени, меѓу кои три деца и две жени, а оштетени се три возила кои се судриле близу наплатната рампа пред Гостивар.

Како што дознаваме повредените, прво биле пренесени на Ургентниот центар во Тетово, а од таму се транспортирани на скопските клиники.

Од СВР Тетово информираат дека во несреќата учествувале три автомобили , од кои едниот бил со британски регистерски таблички.

Поради тешката несреќа два часа утрово сообраќајот на автопатот беше во прекин, а беше нормализиран во 9 часот.

Според првичните информации, најверојатно станува збор за неприлагодена брзина кај некое од возилата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...