Четиригодишното девојче било тешко повредено откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 август, 2019 9:37

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Автомобил прегази 4-годично девојче и нејзината дадилка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Малолетно девојче вчера било примено на детската клиника во Белград каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, односно фрактура на черепот.

Тешката несреќа се случила кога девојчето било во придружба на дадилката и ја преминувале улица, а неколку минути подоцна било примено на детската клиника во Белград со тешки повреди.

За случајот била известена и полицијата. Брзо бил идентификуван автомобилот кој го прегазил детето, кој имал оштетување на задната страна и возачот, 22-годишниот Милан Ш.

Лицето било сослушано по налог на Второто јавно обвинителство поради тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и против него била поднесена кривична пријава.

Четиригодишното девојче здобило тешки телесни повреди, откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.