Несреќата се случила околу 19:45 часот, поради што сообраќајот бил целосно прекинат. Се работи за автобус со регистарски таблици од Нови Пазар.

Објавил: admin@magazin | 12 мај, 2019 0:31

Тешка сообраќајна несреќа: Загинаа мајка и син во судар со автобус!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај местото Мојсинје, недалеку од Чачак, на Ибарска магистрала.

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва, едно лице загина на самото место на несреќата, а додека пак сопатникот во автомобилот веднаш после несреќата бил пренесен во најблиската болница, но за жал веднаш им подлегнал на повредите.

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај местото Мојсинје, недалеку од Чачак, на Ибарска магистрала.

Како што пишува индексонлине.рс од директното место на несреќата, во сообраќајката настрадаа мајка и син кои се наоѓале во автомобилот. Во сударот учествувале автобус и патничко возило.

Несреќата се случила околу 19:45 часот, поради што сообраќајот бил целосно прекинат. Се работи за автобус со регистарски таблици од Нови Пазар.

Се уште немаме сознанија во каква состојба се наоѓа шоферот на автобусот.

Исто така пред неколку денови повеќе лица беа повредени во тешка несреќа која се случи во Белград. Автобус кој возел на линијата 20 и бил полн со патници удрил во киоск. Предниот дел од автобусот беше целосно смачкан, а на лице место веднаш пристигнале припадниците на полицијата.

Од српското МВР потврдиле дека дошло до несреќа, како и дека повредени се 4 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...