Спрема првичните информации се работи за директен судар помеѓу автобус од компанијата Ниш Експрес и камион со приколка.

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 9:54

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Загинаа 4 лица во директен судар помеѓу автобус и камион со приколка!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На патот Куршумлија – Прокупје кај селото Барлово во општина Куршумлија, утринава околу 6.45 се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу автобус и камион со приколка.

Спрема првичните информации се работи за директен судар помеѓу автобус од компанијата Ниш Експрес и камион со приколка. Автобусот возел во правец спрема Прокупје и во еден момент преминал на спротивната страна на коловозот и дирекно се судрил со камион.

На патот Куршумлија – Прокупје утринава околу 6.45 се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу автобус и камион со приколка, кај селото Барлово во општина Куршумлија.

Во истиот момент автобусот се запалил и целосно изгорел. Во внатрешноста на автобусот за сега се пронајдени три јагленисани тела, а четвртото загинато лице е возачот на камионот.

Лица кои се наоѓале во близина на моментот од несреќата, изјавија дека сцената била ужасна, а на лице место веднаш пристигнале пожарни екипи и екипи на итна медицинска помош. Полициски увид е во тек, а на патот се направила голема колона на возила.

Во меѓувреме Министерството за внатрешни работи потврди дека на магистралниот пат Ниш- Прокупје во село Барлово, кај Куршумлија, утринава се случила тешка сообраќајна несреќа, во кој спрема првичните информации загинаа четири лица, а повеќе се повредени.

На лице место се наоѓаат полициските службеници и припадници на секторот за вонредни ситуации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...