Дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци” во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 10:18

Тешка сообраќајна несреќа кај Ваташа – повреден моторциклиста!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тешка несреќа се случи утрово околу 1.30 часот кај Спомен-паркот „12 младинци” во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи утринава околу 1.30 часот, дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден кај Спомен-паркот „12 младинци” во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко. Момчето со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

– Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки” со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 13 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и двајца возачи почетници.
Полицијата од сообраќај исклучила 14 технички неисправни возила. Евидентирани биле и 68 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 57 возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...