Возилото иллетало од коловозна лента

Објавил: admin@magazin | 20 јули, 2018 13:08

Тешка сообраќајна несреќа на патот Гевгелија-Скопје, загина скопјанец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Педесет и седум годишниот С.Г. од Скопје го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на автопатот Гевгелија-Скопје.

Од полицијата информираат дека скопјанецот управувајќи товарно моторно возило “Мерцедес“ со полуприколка “Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел.

-По незгодата возачот С.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, каде починал, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести