Жената Н.П. се здобила со повредите додека се качувала на предните скали за горниот кат од автобус „јутонг“ на ЈСП, при што се лизнала и паднала.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 декември, 2019 12:07

Тешко повредена жена во автобус на ЈСП

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Жена се здобила со тешки телесни повреди кога се лизнала и паднала на скали во автобус на ЈСП, дознава прес 24.

Вчера во 12.35 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 69-годишната Н.П. од Скопје.

Жената Н.П. се здобила со повредите додека се качувала на предните скали за горниот кат од автобус „јутонг“ на ЈСП, при што се лизнала и тешко се повредила.

Наредната година во мај во Скопје ќе стигнат 33 автобуси на гас од германскиот производител МАН.

Градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков, неодамна потпишаа договор со хрватската компанија „Ауто Хрватска“ генерален застапник на „МАН“, кои победија на тендерот за набавка на нови еколошки автобуси.

Ќе бидат набавени вкупно 33 ниско подни автобуси, 21 единечен со капацитет за 85 патници и 12 зглобни за 149 патници. Набавката на новите автобуси ќе чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...