Најчесто се јавува на возраст помеѓу 50-60 години, односно после менопаузата, но не се ретки и случаевите кога ова малигно заболување се среќава и кај многу помладата популација.

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2022 9:02

ТИВОК УБИЕЦ ВО ТЕЛОТО: ОВА СЕ СИМПТОМИ НА РАК НА ЈАЈНИЦИ – ЗАШТИТЕТЕ СЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин

Ракот на овариумот или јајниците е многу често малигно заболување во нашата земја и во светот и не изостанува многу по ракот на грлото на матката.

Најчесто се јавува на возраст помеѓу 50-60 години, односно после менопаузата, но не се ретки и случаевите кога ова малигно заболување се среќава и кај многу помладата популација.
Има некои симптоми кои можат да укажуваат на рак на јајниците, но проблемот е во тоа што истите симптоми можат да се јавуваат и во други состојби кои не се многу алармантни, па затоа се она што ќе го споменеме подолу во текстот се јавува и кај вас, не паничете веднаш туку направете преглед.

Почетни симптоми
Пред се од исклучителна важност е жената добро да си го познава своето тело, односно да знае на пример која храна и предизвикува мачнини или проблеми, болки во стомакот, подуеност и сл.
Симптомите се јавуваат нагло и не поминуваат

Најчесто се јавува на возраст помеѓу 50-60 години, односно после менопаузата, но не се ретки и случаевите кога ова малигно заболување се среќава и кај многу помладата популација.

Не е алармантно ако се појави било кој од долунаведените симптоми. Алармантно е доколку тие симптоми постепено се влошуваат или траат со иста јачина повеќе од една недела и не поминуваат. Симптомите кои најчесто се забележуваат кај рак на јајниците се:
* Болки во долниот дел на стомакот
* Подуеност слична како онаа што се јавува поради јадење
* Хроничен умор кој се влошува односно не поминува
* Проблеми со варењето
* Болки во грбот
* Болки за време на сексуалниот однос
* Пореметување на менструалниот циклус
* Обилна менструација
* Болна менструација
* Морате да знаете дека сите овие симптоми се јавуваат и при други состојби кои не се толку алармантни, но доколку имаате неколку од овие симптоми морате да се јавите на преглед
* Кај ракот на овариумот нема специфични симптоми кои се карактеристични исклучиво за него

Тек и прогноза во подоцнежен стадиум
Ракот на јајниците започнува да се шири, најчесто навлегува во абдоменот, ги зафаќа останатите делови на половите органи или предизвикува метастази. Може да предизвикува откажување на бубрезите, како и брз напад на белите дробови.
Најчесто ракот на јајниците се шири во лимфните јазли низ целото тело.
Симптомите во подоцнежниот стадиум се специфични во зависност од пределот на телото каде што карциномот се проширува. Прогнозите се во зависност од стадиумот на болеста.

Кои групи на жени се најризични?

* Жените кои во своето семејство имаат историја на карцином на јајници или историја на канцер воопшто. Жените кои во својата фамилија имале карцином на јајници, дојка, грло на матка или сл. имаат значително поголеми шанси да заболат од карцином на јајници. Доколку сте имале или имате ваков случај во фамилијата, задолжително правете редовни контроли по навршување на 20-тата година.
* Жените постари од 50 години, односно жените по менопаузата.
* Жените кои во својот живот немале деца.
* Жените кои рано започнале со првата менструација и жените кај кои менопаузата се јавила покасно од вообичаеното.
Жените кои имале повеќе менструации имаат поголеми шанси да заболат од рак на јајници – тврдат научниците.
* Жените кои не користат заштита при сексуален однос.
* Жени кои неможат да забременат.
* Жените кои користат естроген или друга хормонска терапија.

Доколку се наоѓате во некоја од овие групи на жени уште веднаш направете првентивен преглед!

Каде можете да се обратите за да добиете помош?

* Општ лекар
* Гинеколог
* Онколог

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...