Покрај квалитетните производи, ресторанот нуди и храна што може да се вкуси во комбинација со вината“, информираа организаторите.

Објавил: admin@magazin | 14 декември, 2019 10:21

„Тиквешки вински салон 2019” во Кавадарци: Ќе се дегустира вино, ракија, вињак, маџун

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска од 13 до 19 часот ќе се дегустираат вино, ракија, вињак, маџун, произведени од членовите на семејните винарници од Тиквешијата.

Здружението „Тиквешки семејни винарии“ денеска првпат ја организира манифестацијата „Тиквешки вински салон 2019“.

Настанот е поддржан од Здружението на винари „Маседонијан вајнмејкерс“.

Главна гранка на економскиот живот на жителите на Тиквешијата и носител на стопанскиот развој во целиот регион е земјоделието односно лозарството, по кое Тиквешијата е најпозната во Македонија и на Балканот.

Влезот и дегустацијата на изложените вина од домашните винарници се бесплатни.

„За нивниот квалитет сведочат бројните награди, со кои овие производи се закитија во изминатиот период. Покрај квалитетните производи, ресторанот нуди и храна што може да се вкуси во комбинација со вината“, информираа организаторите.

Тиквешијата претставува најголемо виногорје во Македонија и на Балканот. Од сортите на грозје кое се одгледува најзастапени се „смедеревка“ и „кратошија вранец“, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: „кардинал“, „хамбург“, „афус али“, „рибиер“ и др.

Како резултат на големите лозови насади во Тиквешијата има голем број на винарски визби кои грозјето го преработуваат во вино и ракија кои се пласираат на странските пазари. Најголеми винарски визби се „Тиквеш“ Кавадарци (најголема во Македонија) и „Повардарие“ Неготино, а во поново време се повеќе се отвораат и приватни винарски визби како „Попови“, „Чекорови“, „Китвин“, „Бовин“ идр.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.