Тој вели дека изборите треба да бидат транспарентни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 март, 2020 19:11

Тимоние: Корупцијата е рак рана, граѓаните ќе може да избираат помеѓу апатија и можност за промени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за Македонското радио, Амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние рече дека корупцијата преставува рак рана во општеството. Тимоние посочи дека за бомбите треба да се изјасни судството и според него на престојните избори гласачите ќе може да избираат помеѓу апатија или можност да ги променат работите.

Според францускиот амбасадор во Скопје, постои комплетна листа на точки поврзани со борбата против корупцијата, одвојувањето на државата од партијата, реформите во администрацијата и полето на медиумите.

-Судството треба да се изјасни за нивната природа и да ги обработи, но она што е важно е корупцијата со која се засегнати сите граѓани, таа и денес постои. Надвор од политичките кавги таа може да преставува вистински рак во општеството кој што не е ниту син ниту црвен, но генерален рак во општеството кој што може сериозно да наштети на сите напредоци кои се постигнати надвор од економската или законодавната област. Секој кој што се нашол во одредена коруптивна афера, секој е одговорен затоа што или го прифаќа тоа или замижува кога се прави и на крајот треба да се запраша зошто и го гласа. Затоа граѓанинот треба да си се запраша самиот себе си. Граѓаните треба да гласаат и со сите овие афери граѓанинот има две чувства, или она здраво чувство, или треба да реагирам затоа што тоа е моја одлука од која зависи иднината на земјата, второто понегативно чувство е она во кое се запаѓа во апатија и се вели сите се исти, не вреди да се реагира и си се затвораме во својот круг и си ја напуштаат земјата, изјави францускиот амбасадор Тимоние.

Тој вели дека изборите треба да бидат транспарентни.

“Ние сакаме изборите да бидат транспарентни и тоа ќе биде дополнителна нишка, темата со корупција освен што е постојана тема за јавниот интерес туку е предмет на постојано размислување кое ние го споделуваме. Со тоа развојот на едно модерно европско општество е под закана”вели францускиот амбасадор кој додава дека нема да се замижи пред одредени претерувања особено кога се загрозени европските вредности.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести